Аргентинецот го воодушеви Клоп: Мек Алистер е луд

од Симе Стоиков
181 прегледи

Ливерпул потешко од очекувањата го совлада Шефилд Јунајтед и се врати на врвот на табелата. На „Енфилд“ „црвените“ го победија последнопласираниот тим на табелата со 3:1, но резултатот беше нерешен (1:1) се до 76. минута.

Тогаш одличниот Алексис Мек Алистер со фантастичен гол повторно му донесе предност на Ливерпул.На крај со третиот погодок во финишот на мечот победата ја потврди Холанѓанецот Коди Гакпо.

Ливерпул претходно поведе со раниот гол на Дарвин Нунес по грешката на голманот на Шефилд Јунајтед, Иво Грбиќ, но гостите израмнија во 58. минута со автоголот на младиот Конор Бредли.

Уште еднаш човек на одлука беше Аргентинец. Тој постигна спектакуларен гол. А од слободен удар исто така ја погоди и гредата.

„Тој е навистина добар играч, одигра шестка во првото полувреме, но знаевме дека можеме да го придвижиме уште малку напред. Тоа се случи , а потоа постигна таков гол! Впрочем ги постигна двата најспектакуларни гола во сезоната (претходно против Фулам). Потоа следеше и слободниот удар – апсолутно лудо, каков играч!’

Слични содржини