Аргентински градоначалник примил вакцина со слика на Путин во раката (ФОТО)

од Nikola Popovski
364 прегледи

Градоначалникот на аргентинскиот град од провинцијата Буенос Аирес, Хуан Карлос Гаспарини, ја примил вакцината против корона, додека во другата рака држел портрет на рускиот лидер Владимир Путин.

Станува збор за градоначалникот на градот Роке Перез.

„Ја примив вакцината, ти благодарам (претседателот на Аргентина) Алберт Фернандез … Ни говореа дека сакаат да не отрујат, а тие ни ги спасуваат животите“, напишал Гаспарини на Твитер.

Русија и Аргентина претходно потпишаа меморандум за разбирање насочен кон лансирање на производство на вакцината за коронавирус Спутник V во оваа латиноамериканска земја. Вакцината е регистрирана во Аргентина како дел од забрзаната постапка, а вакцинацијата со овој препарат е во полн ек.

Слични содржини