Археолошко пронаоѓалиште на Егејот крие остатоци на десетици древни бродови

од Vladimir Zorba
91 прегледи

Остатоци од 45 брода, од кои некои древни, беа откриени крај грчките острови Фурни во Егејското Море.4940769

Архипелагот е едно од најбогатите подводни археолошки наоѓалишта во Средоземното Море. Оваа година крај островите се откриени 23 потонати бродови, кои се додаваат на 22 наоди од минатата година, меѓу кои дел од римската ера и архаичниот период (800-480 година п.н.е.).

Покрај бродски остатоци подводните богатства на Фурни вклучуваат стотици керамички предмети, кои сведочат дека архипелагот ја имал функцијата на трговски крстопат во Егејското Море, гласи соопштението на грчкото Министерство за култура.

Интересни откритија од 2016г. вклучуваат два трговски брода од римската епоха, едниот е дојден во архипелагот од Црното Море, а друг пренесувал стока од римските колонии во Северна Африка. Досега археолошките истражувања на морското дно околу Фурни зафатиле само 15% од архипелагот.