Општина Тетово денеска започна со поставување нов асфалт на три улици, а градоначалничката Теута Арифи го означи како почеток на период на реконструкција поголем број улици.
Денеска се асфалтираше на улиците „Боро Вулиќ“, „Андреја Стојановиќ“ и „103“ во вкупна должина од 500 метри или 2500 метри квадратни.
-Тоа се три улици од каде се излегува на булеварот „Илинденска“ од зад гимназијата ќе успееме да го реасфалтираме имајќи го предвид фактот дека овој дел има канализација која е во функција и немало потреба од други инвестиции освен нов асфалт. Од овој тип на работа ќе има на повеќе делници во градот, тенденцијата е да го користиме овој период на пролетта да реконструираме што е можно повеќе улици во градот. Улица „Струшка“ е сработена на истиот начин како оваа улица и исто така ќе има реконструкција на целото градско подрачје, истакна градоначалничката Арифи.
Според неа, реконструкција на една од најдолгите и најоштетени улици „Гоце Делчев“ ќе следува кога ќе заврши обновата на улицата „Ѓоце Стојчевски“.
-Улицата „Гоце Делчев“ е во иста програма со улицата „Ѓоце Стојчевски“. Истата програма е што оди преку Светска банка што оди во соработка со Министерствот за транспорт и врски. Истата компанија ги има двете улица да ги одработи, откако ќе заврши во делот каде што работи ќе се префрли во „Гоце Делчев“, рече Арифи.
Во Тетово е во тек финалната фаза од реконструкцијата на тротоарите на булеварот „Илирија“ (Маршал Тито), каде се поставува урбана опрема, што Арифи оценува дека ќе се заврши во текот на следните недели.