Москва го одбележа Денот на морнарицата на Русија и во својство на подарок кон сите морнари Кремљ ја претстави новата морска доктрина, пишува германското издание Der Spiegel, цитирано од RT.
Според вицепремиерот на Русија Дмитриј Рогозин во обновениот документ се вклучени нови акценти, кои се насочени кон полуостров Крим, арктичкиот дел и Атлантикот. Не помалку важна за Русија е соработката со Кина во Тихиот Океан.
Новата поморска стратегија на Кремљ, наведува весникот, е со цел ефикасно спротивставување на хегемонијата на САД.
ИноТВ забележува дека во документот се задржани фундаментални принципи на воената доктрина, усвоена уште во крајот на декември 2014 година: конфликтот во Украина и проширувањето на НАТО на Исток – “закана за безбедноста на Русија”. Но германското издание нагласува дека има промена на приоритетите во регионот:се одделува внимание на Арктикот, Атлантикот и Крим.
Важен акцент е ставен на Арктикот и Атлантикот, изјави Рогозин за време на претставувањето на новата редактирана поморска доктрина во Калининград. Тој истакна дека документот го има добиено одобрението на претседателот на Русија.
Богатиот со минерали Арктик, веќе многу години е во видното поле на Русија, вклучувајќи проширување на руското воено и економско присуство во северниот регион, пишува новинар на Der Spiegel и појаснува дека Кремљ има апетити кон нафтените и гасни полиња во регионот.
Во доктрината се забележува и пристапувањето на Крим кон Русија, а исто така план на земјата за изградба на нуклеарен мразокршач, кој ќе влезе во вооружување во 2017 година.
Во доктрината не се пропушта да се споменат и пријателските односи меѓу Русија и Кина, а основна цел е соработката во Тихиот Океан.
Со помош на соработката со Пекинг, Кремљ се надева да се спротивстави на хегемонијата на САД на меѓународната сцена, пишува уште германското издание.
