280
Арктикот би можел да остане без морскиот мраз десет години порано од претходно предвиденото, се вели во студијата објавена во списанието „Nature Communications“.
Според извештаите, арктичкиот морски мраз би можел целосно да исчезне веќе во 2030-тите во текот на септември, пренесува Си-Ен-Ен.
Она што е особено загрижувачко е ставот на експертите дека до 2050-тите Арктикот може да го изгуби мразот во текот на летните месеци, дури и ако емисиите на стакленички гасови се значително намалени.