Оваа година од Giorgio Armani имаат посебен повод, кој заслужува да биде прославен. Модната куќа ја сподели со фановите јубилејната 40-годишнината со специјална капсулна колекција маици.
Иако доста личат на оние на Dolce & Gabbana , врз кои има прикажано лик на икони како Марлон Брандо , нема како да не признаеме дека сигурно ги сакаме.
Унисекс линијата е украсена со специјално лого на Armani, што е достапно во вкупно пет видови принт.
Еден од нив е црно-бела слика на самиот Џорџо Армани во смокинг, а другите се четири корици од архивите на списанието Emporio Armani, поставени повторно врз монохроматска основа.
Тие ги претставуваат иконските ДНК на модната куќа, кои ги создало брендот како дел од главните диктаторите на трендови во индустријата.
Изборот не завршува само тука – можете сами да одлучите дали маицата да биде класична бела, црна или сина.
Јубилејната 40-годишнината беше прославена со специјален настан на 30-ти април оваа година, на кој се собраа најпознатите личности и ѕвезди од Холивуд.
Ексклузивните маици на Giorgio Armani можете да ги видите во нашата галерија.




