164
Вооружените сили на Белорусија започнаа вежби за борбена готовност на сите категории воен персонал, во согласност со планот за обука, соопшти денеска министерството за одбрана на Белорусија.
„Армијата ја започна планираната обука за борбена готовност. Мерките што се во тек се во согласност со планираниот план за обука и стекнување на вештини на нови регрути“, се наведува во соопштението на Министерството, пренесува ТАСС.
Како што е наведено, примарни цели на вежбите се да се подобри оперативноста на воените командни центри, да се подобрат практичните вештини на командантите, како и да се обучи персоналот за оперирање во различни средини.