Арно накратко беше прв на листата на „Форбс“ за најбогати луѓе во светот

од Vladimir Zorba
289 прегледи

Французинот Бернар Арно, извршен директор на луксузната групација LVMH, и неговото семејство, накратко се најдоа на врвот на листата на „Форбс“ за најбогати луѓе во светот со 185,1 милијарди долари, истиснувајќи го сопственикот на Tesla, Spacex и Twitter, Елон Маск.

73-годишниот француски бизнисмен и неговото семејство го зазедоа накратко водството на листата во реално време објавена на интернет, по големиот пад на акциите на Tesla на Њујоршката берза денес.

Сепак, околу 17:30 часот по Гринич, Маск со богатство од 184,9 милијарди долари повторно се проби на првото место пред Бернард Арно (184,7 милијарди долари).

Индискиот бизнисмен Гутам Адани, кој предводи конгломерат, е трет на листата со 134,8 милијарди долари, а Џеф Безос, основачот на „Амазон“ е на четврто место со 111,3 милијарди долари.

Арно веќе беше на врвот на таа листа неколку часа во мај 2021 година.

Богатството на Арно неодамна се зголеми по поволните резултати на групацијата LVMH, водечката луксузна групација во светот, чијшто нето профит ќе достигне 12 милијарди евра во 2021 година.

Елон Маск, чие богатство зависи од развојот на цената на акциите на Tesla, неодамна беше во центарот на многу контроверзии откако ја купи социјалната мрежа Твитер.

Слични содржини