Арон имал неколку дијагнози: Детали за смртта на познатиот рапер

од Stefanija Kuzmanovska
388 прегледи

Арон Картер почина на 35-годишна возраст, а беше пронајден мртов во својот дом во када. Отпрвин, причината за неговата смрт беше непозната, но експертите и полицијата сега велат дека станало очигледно дека Арон бил зависник од опијати.

Имено, помладиот брат на Ник Картер, популарниот член на бендот „The Backstreet Boys“, почина на 35-годишна возраст оваа сабота, а беше пронајден во безживотна состојба во када во неговиот дом во Калифорнија.

Пејачот имаше неколку дијагнози – растројство на повеќекратна личност, шизофренија и акутна анксиозност, а често беше во очите на јавноста поради скандали. Имено, во ноември минатата година американските медиуми пишуваа за него бидејќи една недела по породувањето ги исфрлил од дома својата вереница Мелани Мартин и нивниот син Принс.

Според пишувањата на странските медиуми, во неговиот дом биле пронајдени бројни празни лименки со компресиран воздух, како и купишта шишиња со таблети и лекови на рецепт. Не е јасно дали предозирањето е причината да се удави во кадата, но полицијата верува дека тоа е причината за смртта.

Арон зад себе остави син роден минатата година, а пред месец и половина отиде на програма за рехабилитација која требаше да му го промени животот. За жал, тоа не се случи, туку се заврши трагично.

Слични содржини