Англискиот фудбалски клуб Арсенал го победи ривалот Манчестер Јунајтед во трката за потписот на Жоао Гомес од Вулверхемптон Вондерерс, објавија Sky Sports и O Dia. Бразилецот (23) е проценет на околу 25 милиони фунти.
Играчот од средниот ред има 42 настапи за Вулверхемптон од неговиот трансфер минатиот јануари од Фламенго. Волците го ангажираа за само 15 милиони фунти, но неговата цена е речиси двојно зголемена од неговата прва целосна сезона под водство на Гери О’Нил.
Гомеш го доби и првиот повик во репрезентацијата на Бразил, за која забележа два настапи.
Според O Dia, Арсенал е фаворит за потпис на Гомеш на лето, иако интерес има и од Јунајтед. „Топџиите“ по завршувањето на сезоната ќе преговараат со „волците“, кои имаат договор со Бразилецот до 2028 година.