Опозициската ВМРО-ДПМНЕ активно и без издржани аргументи се противи на вметнувањето на Бугарите во Уставот на Република Северна Македонија, со цел да се спречи отворањето на поглавјата во преговорите со Европската Унија, но од друга страна актуелниот претседател Христијан Мицкоски и поранешниот, Никола Груевски, се обидуваат да го рехабилитираат Ванчо Михајлов, за кого се знае, според историските факти, дека не ги признавал Македонците како посебна нација, пишува во својата анализа Љубиша Арсиќ.
Партијата ВМРО-ДПМНЕ организираше и протести против отворањето на клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола, а поднесоа и измени на Законот за здруженија со цел да се спречи користењето на имиња на соработници на фашизмот, каков што бил токму Ванчо Михајлов, во називите на здруженијата. Пратеничката група на СДСМ поднесе измени и на Законот за политички партии со истиот текст, со цел истите правила да важат и за политичките партии по што и двата закони беа поддржани од речиси сите пратеници.
ВМРО-ДПМНЕ беше таа што Ванчо Михајлов го претстави како фашист и организираше протести против клубот во Битола
Со цел креирање на хистерија меѓу населението по отворањето на бугарскиот клуб во Битола, ВМРО-ДПМНЕ организираше и протести против истиот кога кажуваа дека е недозволиво во земјава да се отвора клуб кој носи име на фашистички колаборатор и со фашистички ставови.
Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи во нејзините јавни настапи тогаш зборуваше против името на бугарскиот клуб во Битола, не против самиот клуб и сметаше дека тој треба да носи друго име, а не името на човек кој бил против Македонците и имал фашистички ставови, особено кон Македонците.
„Во неговите книги кои се издадени во Рим стои дека Македонците се говеда и деца на Сталин. Се работи за човек кој е контроверзен, има фашистички ставови, колаборира со нацистичка Германија. Станал советник на Анте Павелиќ, се обидува да направи и квинслишка држава во Скопје во 1944 година, но видел дека амбиентот не е погоден за тоа. Се чудам зошто баш ваква личност за кој има историски факти, наместо да се одбере личност која ќе биде во знак на добрососедство“ – зборуваше Мизрахи на најезините телевизиски настапи.
Сепак, очигледно дека ваквите ставови на ВМРО-ДПМНЕ биле само за подгревање на атмосферата и креирање на хистерија меѓу народот, бидејќи само неколку месеци подоцна, нивниот претседател Мицкоски, но и поранешниот претседател на партијата Груевски го рехабилитираат Ванчо Михајлов и се обидуваат да го претстават како „син на Македонија“.
Целиот материјал на следниот линк!