
Синоќешната снимка е само потврда за веќе познатиот однос на г. Тачи. Но, доколку ги земеме предвид сите околности, слуганската покорност на Муса Џафери е двојно посрамна од онаа на Мендух Тачи.
Мендух синоќа ја заврши својта кариера како и секој политичар неспособен да разбере кој е моментон кога треба да стапне и која кога треба да се симне од политичката сцена.
Но,кога вториот од политичката и извршна хиерархија на ДУИ ја освојува влста преку војна во која се убиени стотици Албанци и Македонци, внесува непремостлива омраза помеѓу двете заедници само за да биде на власт, кога овој човек – Муса Џафери – се простира сервилно пред Шефот на Службите и без трунка срам договара анти-демократски договори, не е потребно да сте премногу паметни за да разберете дека криминалот и сервилноста на ДУИ е барем седум пати поголема од онаа на ДПА.
Затоа, пред да се клештат за глупавостите на Мендух, нека повели Али Ахмети и неговите арами и нека ни објаснат зошто повикаа на војна помеѓу два народа заради криминогена љубов со нивните мафијашки партнери од ВМРО-ДПМНЕ?
Мендух својата кариера и богатство го потпиша во прљави бои, но Муса и ДУИ своите кариери и богатства ги потпишуваат сеуште со крвта на убиените луѓе. Затоа гневот и осудата кон нив мора да биде многу посуров. Мендух даде гаранции за својата послушност “со смрт” своја. Муса и ДУИ да не заборават – онакако како што ни ние нема да заборавиме – дека власта и богатството го имаа стекнато “со смрт”на другите.
И колку за потсетување за Мендух и Али: Никола и Саша ве имаат ставено во шише вас лично, не Албанците.
Никогаш Албанците.
(Фејсбук статус на Арсим Зеколи)