Арсовска: Дел од засегнатите страни имаа негативни ефекти од досегашните пакет мерки

217 прегледи

Во своето гостување во 24 анализа, претседателката на стопанските комори, Даниела Арсовска, посочи каде Владата треба да се движи во однос на таргетот на новите дијалози, односно кои се компании ќе бидат опфатени кога станува збор за петтиот пакет економски мерки.

„Соопштението кое утринава го дадовме, содржи информации по направени анкети и укажа на тоа  дека голем дел од засегнатите страни имале негативен ефект од пакетите мерки кои беа реализирани досега. Најкритични се, оние кои постојано се соочуваат со рестриктивни мерки, зборувам за компаниите. Но, не треба да се занемарат ниту сите останати физички или правни лица. Најголемиот дел од компаниите имаат пад од приходите до 30%, а да не ги заборавиме и останатите кои имаат целосни рестрикции и коибележат од 80 или 100% пад на приходите. Затоа, стои барањето за сигурност која ќе гарантира континуитет во мерките“, посочи Арсовска.