Арсовска: Доставени ви се непобитни докази за криминалот, можете да бидете јунаци, наместо да ве исмева народ дека не смеете да му писнете на Ганиу

од Milan1
67 прегледи

„Доставени ви се непобитни докази за криминалот потврден институционално од повеќе извори. Еве ви добра идеја да бидете јунаци, наместо да ве исмева народ дека не смеете да му писнете на Висар Ганиу.

Ако постапите по доказите за перење пари и утврдените фалсификати на Висар Ганиу за 150 небезбедни згради во Чаир, ем нема никој да ве збори дека браните криминал, ем нема да ви се смеат дека сте лавови само во штаб.

Така јас нема да мора да се борам со криминал на територија која не ви е баш под контрола, вие искачате херои и нема да се срамите секој ден дека со живот ги браните ВЛЕН/ДУИ, плус ќе си терате раат кампања без да мора да смислувате нови напади и лаги секој ден, за да се оправдате зошто не постапувате, напиша градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, покажувајќи фотографија од доставените докази.

Слични содржини