Арсовска ги објави документите поднесени до Обвинителството: Лавови, нешто да бекневте за криминалот од стотици милиони евра на Ганиу

од Milan1
541 прегледи

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, на својот Фејсбук профил го објави барањето за итно постапување за сторени кривични дејствија и обезбедување на докази за истите. Во објавените документи се наведени кривичните дела кои, според градоначалничката, ги сториле градоначалникот на Чаир Висар Ганиу и вработени во Општината.

„Шеф не ни успеа тоа дека тепала командант, да им побараме услуга на Бугарите за дефокус?

Стари ви се форите со Бугарија, се обиде и Заев со нив, не му успеа, тогаш патриотите ме бранеа бидејќи е лага.

Јунаци, лавови, нешто да бекневте за криминалот од стотици милиони евра со фалсификати и перење пари на Висар Ганиу?

Не смеете да му писнете патриоти!

Читај Македонијо“!, напиша Арсовска.

Слични содржини