Арсовска: Го чекаме режимскиот диктатор Мицкоски да покрене постапка за УСЈЕ

-Дали е приведен директорот на УСЈЕ за загадувањето на Скопје што го предизвикува континуирано и зошто не, прашува екс-градоначалничката Арсовска

од Nikola Popovski
72 прегледи Фото: Принтскрин

Поранешната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска, повторно ја обвини власта за прикривање на одговорноста на цементарницата „УСЈЕ“ за загадувањето на главниот град. Таа на социјалните мрежи сподели видео старо од пред една година и порача дека „Обвинителството ја чува кривичната пријава во фиока“.

-Со докази, кривичната пријава за УСЈЕ ја поднесов пред 3 години. Дали е приведен директорот на УСЈЕ за загадувањето на Скопје што го предизвикува континуирано и зошто не?

Го чекаме режимскиот диктатор Мицкоски да покрене постапка за УСЈЕ и да ги заштити граѓаните од нивното континуирано канцерогено загадување, стои во објавата на Арсовска.

Арсовска неодамна посочи дека денес повторно се забележува облак од чад над Кисела Вода, алудирајќи дека фабриката и натаму загадува без контрола.

Слични содржини