Арсовска и Синдикатот на пожарникарите разговарале за нов колективен договор

од Nikola Popovski
332 прегледи

Претседателот на Синдикатот на пожарникарите, Тони Бошковски, како и заменик претседателот на репрезентативниот синдикат, Боби Велјановски, организираа средба со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, на која разговараа за отворање на Колективниот договор за обезбедување на основните барања на пожарникарите.

Тие на средбата ги истакнаа нивните барања да бидат осигурени, да бидат заштитени нивните работнички права, исплаќање на К-15, признавање на ноќна работа и соодветна исплата на дополнителни работни часови, за што побараа итно решавање од страна на Градот.

Дополнително договорено е и да се исплати тоа што досега им беше ускратено односно да се исплати надомест за работа во ден на неделен одмор и разликата од основата од онаа која досега исплаќана според членот 13 од Законот за пожарникарство.

На средбата со Арсовска е договорено дека се прифаќа барањето бодувањето наместо од правилникот за утврдување на коефициент на плата, да се трансформира во бодување во колективниот договор, со што ќе бидат заштитени законските права на пожарникарите. Со новиот колективен договор ќе се прошират правата на вработените во градската администрација каде се вклучени и пожарникарите, стои во соопштението на Град Скопје

Слични содржини