Арсовска избрана за член на Управниот одбор на Глобалниот парламент на градоначалници

од Radmila Tasevska
940 прегледи

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска е избрана за член на Управниот одбор на Глобалниот парламент на градоначалници. Таа, како што соопшти Град Скопје, е избрана на Генералното собрание што се одржало вчера, а на кое присуствувале градоначалници од Америка, Европа, Азија, Блискиот исток и Африка.

– Управниот одбор, како раководно тело на Глобалниот парламент на градоначалници има за цел да одлучува за стратешките насоки, политики и заложби на градоначалниците, и преку вмрежување да делува со конкретни заеднички проекти кон овозможување поголема инклузивност и одржливост на градовите на глобално ниво, појаснуваат од Град Скопје.

Арсовска учествуваше на глобалниот настан за градоначалници „CityLab 2023“ во Вашингтон во организација на „Bloomberg“. За време на посетата, Арсовска оствари средби со градоначалници од САД, креатори на политики, експерти и иноватори посветени кон изнаоѓање решенија за справување со предизвиците со кои се соочуваат градовите.

Слични содржини