Арсовска ќе ги соопшти имињата на новите директори на јавните претпријатија

од Берта Китинска
152 прегледи

Градоначалничката на град Скопје истакна дека се избрани новите директори на јавните претпријатија, односно дека постапката е завршена и во текот на денот ќе бидат објавени нивните имиња.

Од нејзина страна, беа разрешени директорот на ЈП „Водовод и канализација“, Златко Перински, поради влијание врз тендерот за изградба на пречистителна станица, а потоа дадоа оставки директорите на „Градски паркинг“ , „Дрисла“, „Улици и патишта“ и на „Лајка“.