Арсовска кроеше лозје во Кучково

од Nikola Popovski
273 прегледи

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска заедно со градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски го закроиле лозјето близу црквата Свети Трифун во Кучково по повод истоимениот денешен празник.

Според Стојкоски, по повод денешниот празник била одржана и богослужба во црквата.

-Свети Трифун е поим за младост и доследност кон христијанските традиции. Црквата го чествува неговиот ден како ден на лозарите и градинарите. Овој ден за жителите на Кучково и околината е особено значаен и претставува вековна традиција која во иднина заеднички ќе ја негуваме, посочува градоначалникот.

Слични содржини