Арсовска најави прес-конференција: Ќе го каже нејзиниот став по состанок со Мицкоски и Перински за скопскиот хаос со сметот

од Илинка Илиоска
64 прегледи

Откако вчерашната средба меѓу скопската градоначалничка со премиерот Мицкоски и министерот Перински немаше конкретен резултат, Арсовска за денеска во 11 часот најави прес конференција на која ќе го каже нејзиниот став.

Перински вчера ги повика надлежните институции, да преземат мерки и активности за да се утврди зошто градоначалникот на Град Скопје не постапува согласно со своите надлежности и со тоа го загрозува животот и безбедноста на скопјани.

Според него, недозволиво и опасно е по скопските улици да има неподигнат и расфрлан смет на секој чекор и тоа на енормно високи температури

Слични содржини