„Сакаат случајот да го политизираат, наместо да застанат наспроти криминалот, тие го штитат Висар Ганиу со месеци и промовираат дека сум тепала маж сред Чаир. 150 небезбедни згради дивоградби на 12 спрата, кои сте ги дозволиле и покрај тоа што ви се пријавувани уредно 3 години, не ви се гледаат?
Нели рековте ќе бидете подобри од тие пред вас, ќе донесете правда, ете тие не постапувале 2 години, ама и вашата прва година власт излезе КАКО И ДО СЕГА❗️Бранете го Ганиу ЛАВОВИ“, напиша градоначалничката на Скопје, коментирајќи го случајот со 150-те дивоградби во Чаир и нападот кој во петокот се случи врз неа.