„Арсовска не сработи ништо и нанесува штета на граѓаните на Скопје“

од Vladimir Zorba
297 прегледи

„Данела Арсовска првите два месеци од мандтот ги помина неработејќи ништо и нанесувајќи им штета на граѓаните на Град Скопје. Арсовска покажува неспособност“, вели Гордан Шутаров, генерален секретар на СДММ и советник во Советот на Град Скопје.

„Сандалозно го поништи прокетот Бас рапид транзит за ефикасен и еколошки градски превоз. На проектот се работеше цели три години со партнерите од Европската банка за обнова и развој.

Но уште поскандалозна е нејзината најава дека нема да ги гради двата нови моста, мостот на булевар АСНОМ и мостот на улица Љубљанска.

Мостот на АСНОМ веќе е во подмината фаза и се што требаше е Арсовска да ја продолжи неговата изгадба. Мостот го олеснува и го намалува спобраќајот за цел Аеродром но и за Гази Баба. Мостот на Љубљанска има целосен проект и средства обезбедени од Владата преку ТАВ програмата. Важен за граѓаните на Карпош но и за Центар“, истакнува Шутаров.