Влезени сме во рецесија имаме значителен пад на економијата откако почнаа мерките во економијата, овој пад ќе се прееле и во 2021 година, вели Данела Арсовска преседател на ССК во емисијата Топ тема на Телма.
-Едно од нашите барања до владата е да продолжи мерката со 14 500 денари по вработен. Овие средства им се неопходни на стопанствата за да преживеат .Тие се мали, работодавачите на нив треба да им додадат за да ги покријат придонесите.Ние во споредба со останати земји имаме најмал пакет за помош на стопанството, вели Арсовска.
Во однос со злоупотребата на средствата од страна на работодавачите Арсовска, вели дека тоа ситуација фрлила дамка и на оние кои редовно ги имаат исплатено средствата на вработените.
-Треба да се знае кој ги прави грашки.Ниту еден член на ССК не се најде на листите на фирми кои ги злоупотребија средствата.Не треба да дозволиме поединци да го креираат јавното мислење за останите кои чесно ја извршуваа задачата.Не треба сите да бидат оштетени затоа што некој злооупотребил, изјави Арсовска.
Таа нагласи дека потребно е да се донесат протоколи за оние бизниси кои беа затворени веќе шест месеци.
-Во периодов кој следи важно е да се овозможи на оние бизниси кои беа затворени да се отоврат , бараме протоколи по кои ќе можат да ја вршат својата задача.Доколку немаме свои може да ги земеме примерите од соседните држави каде се пополека функционира, вели Арсовска.