Арсовска: Пратениците да размислуваат одговорно и да се однесуваат во интерес на граѓаните

од Vladimir Zorba
212 прегледи

Претседателката на Сојузот за стопански комори, Данела Арсовска, п вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 изјави дека петтиот пакет помош бил многу потребен за компаниите, и дека без него би се изгубиле многу работни места.

Посочи дека пратениците треба да се однесуваат поодговорно кон оние кои ги избрале на тие места, а тоа се граѓаните.

„Човек кој нема ниту еден ден стаж во приватниот сектор, не знае колку ви е потребна таа помош, и кога се борите со ликвидност, да се одложува тоа со месеци. За да пристигне таа помош која е наменета за сочувување на работните места и за вработените. Сме дискутирале и сме реагирале, и веруваме дека политичките препукувања треба да се сведат на минимум, малку да почнат да размислуваат одговорно, имаат не само права, туку обврски и одговорности кон своите граѓани кои ги избрале“, рече Арсовска.