Арсовска: Секто мицковистичка, чешко државјанство имам од раѓање вие сте заложници на криминалот на Ганиу

од Milan1
68 прегледи

Градоначалничката на Скопје,  Данела Арсовска преку својот Фејсбук профил ги коментираше обвинувањата дека има двојно државјанство.

„Секто мицковистичка, чешко државјанство имам од раѓање, родителите не можам да си ги изберам, македонско имам по татко и чешко по мајка.

Бидејќи не смеете да му писнете на Висар Ганиу, не знам кој болен ум е тој што ви смислил стратегија, да ме сатанизирате со финтите на Зоран Заев.

Ајде писнете лавови мицковистички излезете јавно на прес конференција пред Европа и кажете гласно дали некој ако е бугарин, ром, бошњак, француз, грк или марсовец оправдувате да биде нападнат и тепан. МВР ви е криминализирано, а вие сте заложници на криминалот на Висар Ганиу“, напиша таа на својот Фејсбук профил.