Арсовска -Сијарто: Приоритетите на новата градска администрација се креирање на подобар квалитет на животот за граѓаните

од Берта Китинска
217 прегледи

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска оствари средба со министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто.

-На средбата се разговараше за предизвиците кои во наредниот период го очекуваат Градот Скопје, како и проектите кои веќе почнаа да се реализираат. Приоритетите на новата градска администрација се креирање на подобар квалитет на животот за граѓаните, како и исполнување и реализација на сите проекти предвидени во програмата на Градот Скопје.

На средбата беше договорено да се интензивира соработката меѓу Република Унгарија и Градот Скопје со цел напредок на градот и подобар живот на граѓаните. Министерот Сијарто и посака на Арсовска успешна работа како градоначалничка на Скопје, соопштија од Градот.

Слични содржини