-Знам дека вашата бројност се должни и на фактот на разочараноста од тоа што ни се случува во моментов во градот Скопје, а од друга страна уверена сум дека сакате да дадете поддршка на она коешто е вистинското решение за градот Скопје за следните четири години, рече кандидатката за градоначалник на Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, вечерва на Промоцијата на кандидати во Гази Баба.
Според неа, проблемите кои граѓаните како дел од Скопје ги имаат во Гази Баба се проблемот со чистата вода за пиење во некои делови од општината, немањето на фекална канализација во одредени делови, кои како што рече се проблеми кои не се за во 21 век, како и сообраќајниот метеж, но и огромното загадување предизвикано од некои капацитети.
Арсовска ја нагласи својата визија за Скопје како град кој ја негува традиција, а гледа кон иднината, но и град еколошки чист, град без сообраќаен метеж, но и поубаво и европско место за живеење, но и место какво што заслужуваат скопјани, со културен и спортски живот.