Арсовска: Според кое ОВЛАСТУВАЊЕ редарската служба ќе легитимира?

од Берта Китинска
360 прегледи

Во држава во која нема функционален здравствен систем, во која луѓето се вакцинираат од донации и за третирање болести се собираат донации за лекување преку смс пораки, министерот за здравство ќе воведува редарска служба заради контрола на приложување доказ за вакцинација при влез во секаков вид на објект, коментира на својот Фејсбук профил, Данела Арсовска, претседател на Сојуз на стопански комори на Македонија, откако властите најавија дека од 16 август редарски служби ќе ги порверуваат сертификатите за вкацинација на лицата кои ќе учествуваат на настани каде ќе има 30 гости.

-Како ќе се воспостави редарска служба во правни лица кои ја немаат според систематизација и според кое ОВЛАСТУВАЊЕ било кој што не е службено лице ќе легитимира за да утврди дали доказот за вакцинација кореспондира со лицето кое го приложува? Ова ја надмина по иновативност мерката да ве идентификуваат угостителите дали вие и лицата со кои седите на иста маса сте од исто семејство, која не можеше да се спроведе, пишува Арсовска.