„Лидија Димова доделила над 83.000 евра за дресура на магариња, нешто невидено до сега и тоа овластено лице на носителот на проектот е брат на пратеник од редовите на СДСМ, пратеникот Диме Велковски“, вели денеска Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
„Доделени се и 125.000 евра европски пари од проект „Избери сирење“ каде што треба да се едуцираат деца за сирење, пари што отишле кај Диме Велковски. Неспорно е веќе дали се валидни или не апликациите околу магарињата и сирењето. Поставуваме дилема и прашање, како е можно, овие два проекта во вредност од над 200.000 евра, европски пари, Лидија Димова да ги додели токму кај братот на пратеникот од СДСМ Диме Велковски, токму пред парламентарните избори?“, прашува Арсовски.
„Бараме, јавно да се објави од страна на Диме Велковски и Лидија Димова на кој начин се трошеле и каде завршиле над 200.000 евра, односно во чии џебови завршиле парите? Бараме да објават јавно дали парите биле влечени преку сметки на други лица да ги вратат кај добитниците на проектите? “, истакна Арсовски.