Видете, навистина е малку повеќе смешно да Ковачевски вели дека е направено без анализи. Напротив направено е со многу прецизни анализи и точно има зошто се бара толку да се покачат, одговори портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски на прашањето како ја коментира изјавата на премиерот Димитар Ковачевски дека барањето на најголемата опозициска партија за 20% покачени пензии е паушално и без да се направат анализи.
Според Арсовски, „треба да се погледнат и споредат економските тимови во ВМРО-ДПМНЕ и економскиот тим во двоецот СДСМ-ДУИ“.
-Погледнете ги ликовите кои што креираат економска и монетарна политика во СДСМ и ДУИ, односно во Владата и погледнете ги луѓето во ВМРО-ДПМНЕ и сѐ ќе ви стане јасно. Така да, очигледно дека единствени кои што немаат план, анализа и визија се владата предводена од СДСМ и ДУИ, изјави Арсовски на прес-конференција.
Ковачевски денес изјави декабпредлогот на ВМРО-ДПМНЕ за зголемување на пензиите во моментов е само паушален.
-Тоа го прават само за да кажат дека учествуваат во ова, колку само да се покаже, потенцира Ковачевски.