Арсовски: Јавна тајна беше дека на трошок на дуќанџиите од ГТЦ се копаат криптовалути

од Nikola Popovski
226 прегледи

Крадат струја коалиционите партнери на Заев од ГТЦ, а од МВР велат дека тоа не било кривично дело за кое што требало да сносат одговорност, обвини денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„Јавна тајна беше дека на трошок на дуќанџиите од ГТЦ се копа криптовалути, а МВР вели дека ЕВН утврдиле дека нема крадење, туку дека имало дополнителни броила и таму била приклучена таа машина за копање. Од ЕВН пак велат дека нема дополнителни броила и дека има само едно броило за ГТЦ, со што потврдија дека МВР лаже и го штити криминалот“, посочи Арсовски.

Според партискиот портпарол, станува збор за класичен грабеж од дуќанџиите, односно како што кажа, класичен криминал што го прават директорот на ГТЦ, Ѓоко Трајчевски и претседателката на одборот на директори, Трајанка Тасевска, инаку сопруга на директорот на БЈБ.

Слични содржини