Арсовски: Можна е украинска бегалска криза, но таа нема да биде насочена кон Македонија

од Маја Анчевска
488 прегледи

Со самопрогласување на двете покраини Доњецк и Луганск, аналитичарот, Петар Арсовски за „Локално„ вели дека и други сепаратистички  делови ќе почнат да бараат самостојност и отцепување.

–  Можна е и друга дестабилизација од поранешните руски држави, што ќе создадде трајна нестабилност во тој регион, вели Арсовски.

Русија непосредно пред зори во четвртокот ја нападна Украина со ракетирање на неколку украински градови, вклучувајќи го и главниот град Киев, особено врз објектите за противвоздушна одбрана и воената инфраструктура. Според Арсовски нема да има ескалација вон Украина, а за наподот врз Украина потенцира дека е желба за старата слава на СССР.

– Мислам дека проширувањето на НАТО како и желбата за враќање на поранешната слава на СССР се мотивите за нападот на Украина. Мислам дека нема поголема опасност за проширување на конфликтот вон Украина, тоа би било преголема ескалација.

Според  аналитичарот можна е украинска бегалска криза,  но  не и кај нас, како што беше поранешниот случај со Сирија.

–  Можна е бегалска криза, но поради географијата, таа повеќе ќе биде насочена кон Европа, смета Арсовски.

Денеска, започна мирна граѓанска акција на Здружението на Украинците во Република Северна Македонија „Лесја Украинка“, со почеток во 14:30 часот на Плоштадот „Македонија“ во Скопје. Присутните потоа  се упатија кон руската амбасада на ул. Пиринска, бр. 44.

Мирната акција е посветена на поддршка на украинскиот народ и држава во борбата против руската воена инвазија во Украина.

М.А.

Слични содржини