СДСМ во општина Бутел го кандидираа најлошиот нивни избор. Велимир Смилевски е човекот кој четири години буквално ги преспа како градоначалник во општината. Со каков образ пак ќе бара мандат од бутелчани?, прашува денеска Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
„Цел Бутел знае дека Велимир Смилевски не живее во Бутел. Живее во друга општина. Сите знаат дека на Велимир Смилевски наместо паметот да му е во реализација на она што го ветувал и во проектите, да го подобри животот на граѓаните, паметот му беше единствено во дружба со бандити и мафијаши кои на снимки со негови блиски мафтаат со оружје, за да денес Бутел биде најнебезбедната општина каде што се пукаат и бодат на секој чекор.
Наместо реализација на проектите Велимир се фокусираше да биде рекордер во привремени вработувања во цела држава во цела Република Македонија, каде што потроши над 2 милиони евра пари на граѓаните, пари на бутелчани. Згора на се, тој е и рекордер по непотизам, внимавајте има над десеттина роднини вработено во општината каде што тој е градоначалник во самата општина“, посочува Арсовски.