Арсовски: Не е големо изненадување што лидерската средба заврши без конкретен исход

од Destan Jonuzi
200 прегледи

Политичкиот аналитичар Петар Арсовски вели дека не е големо изненадување фактот што лидерската средба заврши без конкретен исход или некакви заклучоци. Според него, тоа се случило, пред се, поради големиот број на теми кои биле за разговор.

– Не е големо изненадување што партиите не постигна договор. Секоја од патиите влезе со сопствена агенда, и очигледно е дека не сакаа да разговарат за агендите на другите партии. Мало и беше очекувањето дека ќе се постигне некаков договор. Добро е што почна некаков инклузивен политички диалог, пресек на тој нема, но ако продолжи може да се решат едно по едно барањата, изјави Арсовски за Канал5.

Самиот факт, додава тој, што имаше многу барања на масата од сите засегнати страни беше и релативен индикатор дека тешко и ќе се договорат.

Слични содржини