Тонот на изборната кампања за претстојните локални избори останува доминантно негативен, кај генералните пораки, вели политичкиот аналитичар Петар Арсовски за „Локално“.
Коментирајќи го упатството на АВМУ кое ја исклучи партијата Левица од политичкото рекламирање, Арсовски напомена оти сите политички чинители треба да имаат еднакво право на застапување, како и другите партии.
-Вам може да ви се допаѓаат или да не ви се допаѓаат некои политички партии. Но, сите тие како политички чинители треба да имаат еднакво право на застапување како и другите партии, рече Арсовски.
Тој посочи дека такви недоречености во Законот може да му наштетат на изборниот процес и затоа треба да бидат ревидирани.
Б.Т.