Арсовски: Потребна е неутрална и објективна истрага за вчерашната трагедија

од Nikola Popovski
300 прегледи

Венко Филипче нема одговор на ниту едно прашање кое што ја интересира јавноста и кое што му се поставува цел ден, но во едно е сигурен и знае единствено дека нема да поднесе оставка. Воедно тој не знае дали чувствувал морална одговорност и ќе го чекал извештајот на Оливер Спасовски, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Тој уште еднаш ја потенцира потребата од неутрална и објективна истрага и лоцирање на целосна одговорност за вчерашната трагедија.

-За жал без оставка на Зоран Заев и Венко Филипче кои што можат да влијаат на истрагата нема да биде можна непристрасна и објективна истрага.

Во овој случај доколку не дадат оставка Зоран Заев и Венко Филипче ќе истражуваат за пропустите на Венко Филипче и Зоран Заев. Класичен апсурд.

Зоран Заев и Венко Филипче да покажат барем малку доблест и да ги ослободат институциите од нивните притисоци, истакна Арсовски.

Филипче денес на прес-конференција изјави дека во моментов не планира да поднесе оставка од морални причини, туку ќе почека да заврши истрагата за да се лоцира одговорноста за трагедијата во која загинаа 14 лица.

Тој не сакаше да каже никакви информации во врска со тоа што било причина за пожарот, ниту пак во врска со загинатите, велејќи дека во тек е истрагата и кога таа ќе заврши ќе се дадат сите информации. И покрај пожарот, Филипче смета дека сите модуларни болници се безбедни и градени според сите стандарди.

Слични содржини