Арсовски: Протестите не се задоцнети тие ќе траат сè додека не се турне оваа власт

од Берта Китинска
136 прегледи

Протестите поради поскапувањето на стурјата не се задоцнети и тие ќе траат сè додека не се турна оваа власт, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, во дебатната емисија „Само вистина“ .

– Во време кога реално се случува хаос во секој сектор во државата, во време кога граѓаните тонат во сиромаштија, буквално немаат леб да јадат. Се случува веднаш по изборите поскапување на струјата и во моментов имаме најскапа струја во Европа, а најсиромашен народ. Овие протести не се задоцнети, туку на време се почнати и тие ќе траат сè додека не се турне оваа власт – истакна Арсовски.

Слични содржини