Арсовски: Сериозен престап е да киднапирате пратеник во 21 век

од Nikola Popovski
287 прегледи

Не погреши ВМРО-ДПМНЕ со објавувањето на списокот на пратеници, кои што се потпишаа за пад на владата, вели портпаролот на партијата, Димче Арсовски во емисијата „Само вистина“.

Според него, од најголемата опозициска партија сметаат дека во Македонија владее демократско општество, но се покажало дека не е така.

-Има хибриден режим. Се виде на денот на гласањето кога магично исчезна пратеник и не се појави на седницата. Неверојатно е во 21 век да исчезне или биде киднапиран пратеник. Апсолутно не погрешивме со интерпелацијата. Сериозен престап е киднапирањето на пратеник од листата, потенцира Арсовски.

Слични содржини