Арсовски за пресудата за „27 април“: Судот верува во човек со криминална историја

од Nikola Popovski
386 прегледи

Денешната одлука на судот за 27 април е темпирана и планирана прeсуда која има за цел да создава страв кај политичките непријатели на Зоран Заев и целосно ја сруши демократијата во државата, обвини портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„Ваквата пресуда не е ништо друго туку продолжување на праксата на власта да се изживува со судбини, во случајот со лица кои во постапката покажаа дека се невини, а судот пресудителната одлука ја темели само на исказ на човек со дебело криминално досие. Целата пресуда се темели на исказот на Александар Василевски – Нинџа, човек со дебело криминално досие, што го потврди и судот. Судот верува во човек со криминална историја. А, во случајот ‘Рекет’ за исказите на Бојан Јовановски кои што ја компромитираат обвинителката Русковска, Љубомир Јовевски кажа дека судот не ги зема во предвид исказите на лица чиј наводно кредибилитет бил сомнителен“, нагласи Арсовски.

Партискиот портпарол предупреди дека судиите и обвинителите кои, како што рече, му слугуваат на Заев треба да знаат дека брзо ќе дојде време кога ќе треба да дадат одговор за сите вакви одлуки.

Слични содржини