Во рамки на Топ тема, се вклучи претставникот на оризопроизводителите, Здравко Арсовски кој вели дека нема реална вредност оризот кој го произведуваат и посочи дека од Владата и ресорното министерство не одговориле на нивното барање
„Откупувачите си играат со судбината на оризопроизводителите. Ние 50 дена немаме одговор и покрај средбата со министерот Хоџа. Цената е од 17 до 20 денари. Односно производната цена е повисока од откупната цена. Исто така и со сетот на мерките не сме опфатени, иако имаме најтешка обврска, и ние сме луѓе“, вели Арсовски.
На ова, министерот одговори дека бил во Кочани по средбата и се видел со производителите. Хоџа вели дека откупувачите не биле подготвени да откупат толкав дел каков што се нудеше. Веројатно како што вели, се работи за недоволна механизација, која се трудиме да ја снабдат оваа група луѓе.