Менаџерот на Арсенал, Микел Артета беше воодушевен од победата од 4-2 во лондонското дерби со Челси. Овој успех беше исклучително вреден за „топџиите“, кои по трите последователни порази во претходните три кола, сега повторно се во битка за топ 4.
Стручњакот своите играчи ги нарече „феноменални“.
„Ми се допадна духот што го покажавме. Кога губиш неколку натпревари по ред, тоа е тежок удар и нормално е да имаш критики. Но, не ми е гајле, вреди поради овие играчи. Тие се феноменални и постојано растат како тим. Знам дека имаат големи очекувања од себе и бевме разочарани од серијата порази, па да го добиеме лондонското дерби на ваков начин, на гостински терен, навистина е неверојатно. Можеме да се бориме на повисоко ниво, далеку од дома, против најдобрите тимови во лигата. Се надевам дека и играчите ќе поверуваат во себе“, изјави Артета.