Менаџерот на Арсенал, Микел Артета беше бесен по поразот од Њукасл со 0-2. Овој пораз може да биде исклучително важен во битката за топ 4 и учеството на тимот во Лигата на шампионите.
„Топџиите“ веќе ја немаат судбината во свои раце и ќе мора да победат на домашен терен против Евертон во последното коло и да се надеваат на кикс на Тотенхем против Норич.
Затоа менторот призна дека поразот е тешко да се проголта.
„Тоа беше многу тешка ноќ. Тешко е да се проголта овој пораз. Њукасл заслужи да победи. Тие се чувствуваа удобно од првата минута додека ние не покажавме ништо. Тие беа подобри во секој поглед, ги добиваа дуелите, вторите топки, додека ние не можевме да ја држиме топката под наша контрола. Не игравме ништо. Многу нешта се случија вечерва. Морав да направам принудни замени поради повреди, но тоа не е оправдување. Њукасл ја заслужи победата од самиот почеток. Беа многу подобри, додека ние не успеавме да го покажеме стандардот што ни требаше за да победиме на овој натпревар. Се обидовме да промениме некои работи, но не стана подобро. Се надевав дека ќе останеме постабилни во вториот дел бидејќи знаев што треба да направиме, но исполнувањето на задачите беа лоши и примивме многу лесни голови“, смета Артета.