Менаџерот на Арсенал, Микел Артета му посака среќа на Пјер-Емерик Обамејанг во Челси. Поранешниот капитен на „топчиите“ го напушти „Емирати“ на почетокот на годината откако се скара со Артета, кој му ја одзеде лентата и го исфрли од тимот поради дисциплински прекршоци.
По успешниот полугодишен престој во Барселона, Габонецот вчера се врати во Премиер лигата откако потпиша за Челси.
„Сигурен сум дека ја донесе оваа одлука да му се приклучи на Челси бидејќи сака повторно промена и се обидува да го најде најдобриот потег за својата иднина. Му посакуваме среќа“, истакна тој.
Ќе видиме денес каква е состојбата на Рамсдејл и Одегард. Се надеваме дека ќе можат да тренираат утре и ќе бидат достапни за натпреварот во недела. За жал, ситуацијата со Зинченко не е таква. Тој ги пропушти последните два натпревари и допрва треба да тренира. За Томас Партеи, се надеваме дека се работи за неколку недели или уште помалку. Многу работи се случија откако тој се приклучи. Со Мо Елнени, зборуваме за месеци“.
„Се обидовме да го засилиме тимот и да ги привлечеме најпогодните можни луѓе. Успеавме да го направиме тоа на одредено ниво. Направивме одлични работи, но за жал Томас Партеи се повреди во последен момент. Се обидовме да реагираме, но на крајот на денот треба да се донесе само вистинскиот играч кој мислиме дека е вистинскиот за тимот и за клубот. Извлековме поука од фактот дека беа донесени погрешни играчи“.
Во врска со гостувањето на Манчестер Јунајтед, Артета рече: „Победивме на гости и претходно, се надевам дека ќе го направиме тоа повторно. Верувам дека сме способни да одиме таму, да го играме нашиот фудбал и да победиме“.