186
Менаџерот на Арсенал, Микел Артета е изненаден од тоа што му се случи на неговиот колега Томас Тухел, кој беше ослободен од Челси по неубедливиот старт на сезоната на „сините“.
Германецот доби отказ по поразот со 0:1 од Динамо (Загреб) во Лигата на шампионите.
„Дознавме непосредно пред почетокот на тренингот. Никогаш не е убаво да се види вакво нешто да му се случи на колега, но сите сме свесни за условите во фудбалот. Веста беше непријатна и му посакувам се најдобро во иднина“, изјави Артета.
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, исто така, рече дека му е жал за Тухел, кој ја освои Лигата на шампионите со Челси во неговата прва сезона на чело на тимот.