Асад: Британските воздушни напади против џихадистите во Сирија се “нелегални”

од desk3
80 прегледи

Започнатите во четвртокот британски воздушни напади против џихадистичката група “Исламска држава” (ИД) во Сирија се “нелегални” и ќе станат “поддршка за тероризмот”. Тоа го вели сирискиот претседател Башар Асад во интервју за “Сандеј тајмс”, пренесе АФП.

asad

“Ова ќе е штетно и нелегално, тоа ќе стане поддршка за тероризмот”, коментира Асад за британските напади, одобрени во средата од страна на парламентот во Лондон. “Нема како да ги напаѓате (ИД) само со авиоудари. Нема како да ги уништите без интеракција со копнени сили. Нема како да ги уништите, ако немате одобрение на народот и на Владата”, сече тој.

“Не може да се намали дел од еден канцероген тумор. Треба да го отстраните целосно”, инаку тој “ќе се шири во телото уште побрзо”, вели Асад во интервјуто, цитирано од агенциите.

Австрија свикува состанок за заштита на границите на ЕУ

Сирискиот лидер иронизираше по повод “70-те илјади умерени сириски борци”, на чии копнени операции коалицијата би можела да смета според британскиот премиер Дејвид Камерон. “Каде се тие? Каде се 70-те илјади умерени, за кои зборува тој? Тие немаат 70 000. Немаат и 7000”, уверува Асад.

Истовремено, тој ја фали руската интервенција во земјата која ја нарече легитимна, бидејќи била побарана од него самиот. Руската операција “суштинско влијаеше и воената, и политичката ситуација во Сирија”, нагласува Асад.

“Колку се сега екстремистичките клетки во Европа? Колку екстремисти сте изнеле од Европа во Сирија? Опасни се инкубаторите. Русите добро го разбраа тоа. Тие сакаат да ги заштитат Сирија, Ирак, регионот и дури Европа. Без претерување велам дека денес тие ја бранат Европа” , истакнува сирискиот претседател.

Запрашан дали може да се појави копнена интервенција на Русија, Башар Асад одговара дека “темата уште не е земена”, и додава: “Според мене сега едвај има потреба од тоа, бидејќи работите се одвиваат добро”.
Тој ја остава вратата отворена и за соработка со западните земји, ако тие “навистина се подготвени да ни помогнат да се избориме со тероризмот”. “Ако се подготвени, ќе ги прифатиме”, вели Асад. “Ние сме прагматици. На крајот, стремежот ни е да ја организираме ситуацијата во Сирија и да избегнеме понатамошни крвопролевање”, уверува тој.

Запрашан дали ќе претендира за највисоката позиција во земјата во случај на избори, Асад одговара: “Ако се дојде до договор за таков процес, како и секој Сириец ќе имам право да се кандидирам”.

“Одлуката пак ќе произлегува од способноста да дејствувам и (ќе зависи од тоа) дали имам поддршката на сирискиот народ”, додава тој.