Декретот на претседателот на Доналд Трамп, за прекинување на бегалци од Сирија за неопределено време, е насочен против екстремистите, а не против обичните граѓани, изјави сирискиот претседател Башар Асад по француското радио “Европа 1”.
“Тој е насочен против терористите кои ќе навлезат на Запад. И тоа веќе стана. Видовме што се случи во Европа, на пример во Германија “, рече Асад. Според него, “целта на Трамп е да го забрани влезот на таквите луѓе во земјата”.
Истовремено Асад рече дека “главниот проблем е како Сиријците да бидат вратени дома, а не да бидат испратени во САД”. “Не можам да бидам задоволен ако гледам дека сириски граѓани заминуваат за други држави”, истакна сирискиот лидер. “Мнозинството Сиријци заминуваат поради тероризмот и западните санкции”, истакна Асад и го повика претседателот на САД и раководителите на другите западни земји “да го укинат ембаргото и да престанат да ги поддржуваат терористите”. / ТАСС