176
Рускиот претседател Владимир Путин денеска во Москва ќе разговара со сирискиот претседател Башар ал Асад, соопшти Кремљ.
Според информациите, ќе се разговара за изгледите за сеопфатно решение на ситуацијата во и околу Сирија, пренесува РИА Новости.
Двајцата претседатели ќе разговараат и за натамошниот развој на руско-сириската соработка во политичката, трговската, економската и хуманитарната сфера.
Од кабинетот на сирискиот претседател вчера соопштија дека Асад пристигнал во Москва, каде ќе разговара со Путин.