Проектот „Веритас“, американска десничарска активистичка група, објави наводно видео од основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, како ја предупредува американската влада дека им „протекуваат“ доверливи информации.
„Имаме информации дека базата на податоци на Стејт департментот за 250.000 дипломатски депеши се шири на Интернет и ќе стане јавна во следните неколку дена“, вели Асанж во видеото објавено денес од директорот на Веритас, Џејмс О’Киф.
On August 26, 2011, Julian Assange called the U.S. State Department to warn them about a potentially dangerous leak of classified State Department documents. @Project_Veritas has just released the full recording of this call pic.twitter.com/hx5u2fSzuC
— James O'Keefe (@JamesOKeefeIII) December 16, 2020
Киф исто така изјави дека основачот на Викиликс го дал видеото на Проектот „Веритас“ со цел американскиот народ подобро да ги разбере Асанж и неговото однесување.
„Расте политичкиот притисок дека претседателот Доналд Трамп ќе го помилува Асанж на крајот од неговиот мандат и ова видео ќе го смени имиџот за него“, рече О’Киф.
This extraordinary recording (which I had never heard before) confirms claims that @Wikileaks made for years, but its critics dismissed as lies.
1) Assange DID seek to minimize risks to individuals.
2) Bulk release of cables was forced, not intentional. https://t.co/zUt6MPOvQY
— Edward Snowden (@Snowden) December 16, 2020
Асанж наводно разговарал со адвокатот на Стејт департментот Клиф Џонсон во 2011 година, повикувајќи го да стори што е можно за да спречи ширење на доверливи информации.
Во 75-минутниот разговор инициран од Асанж, Асанж го предупредил Џонсон дека „поранешниот вработен Даниел Домешит-Брег ќе објави доверливи пораки од Стејт департментот“.
Поранешниот вработен, наводно, ги украл тие информации со цел да отвори свој, ривалски медиум, пренесува Проектот „Веритас“.
„Не сме сигурни кога ќе се случи ова (објавување на податоци), без оглед дали е тоа веднаш или во рок од неколку дена или една недела, но може да има можност да се запре“, рече Асанж, кој го потсетил Џонсон дека Викиликс објавил само јавни податоци на Стејт департментот и податоци кои се „зацрнети“, односно каде се заштитени чувствителни и доверливи информации.
„Она што повторно се слуша на ова видео е грижата на Асанж кон луѓето поради несовесното и арогантно објавување на податоците“, рече О’Киф, додавајќи дека „во однесувањето на Асанж има интегритет што не може да се негира, без оглед дали го поддржувате или не“.
Асанж се најде под лупа на американските власти во 2011 година кога се здружи со воениот разузнавач Челси Менинг и објави снимки и документи што Менинг ги преземал од воените компјутери. Менинг ја призна вината за кршење на законот за шпионажа.
Julian Assange to Hillary Clinton's State Department following the theft of 250,000 diplomatic cables from @Wikileaks:
"In case there are any individuals who haven't been warned…they should be warned.” pic.twitter.com/hx5u2fSzuC
— James O'Keefe (@JamesOKeefeIII) December 16, 2020
Тогашниот претседател Барак Обама ја скрати казната на Менинг на онолку колку што таа веќе отслужи – околу седум години, три дена пред крајот на својот мандат.
Асанж со години се криеше во амбасадата на Еквадор во Лондон, сè додека не беше уапсен од британските власти по наредба на американската влада.
Министерството за правда на САД го обвини Асанж во 2019 година за хакерство. Асанж моментално се наоѓа во британски затвор и го чека судење во јануари кога ќе се одлучи дали Велика Британија ќе го екстрадира во САД.